Еден „лајк“ може да ја запали атмосферата на Камп Ноу


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона на отварањето на Лигата на Шампионите ремизираше против Борусија Дортмунт и натпреварот заврши со резултат 0:0.

До бод каталонскиот великан стигна благодарение на чудесните одбрани на голманот Терштеген кој имаше доста неверојатни одбрани.

Многу внимание привлече еден „лајк“ на младата звезда на Барселона, Френки Де Јонг.

Тој опцијата „ми се допаѓа“ ја остави на коментар „ValverdeOut“ и тоа предизвика големо внимание кај навивачите на Барселона.

Велверде се соочуваше со тешки времиња во Барселона и во изминатите месеци, но ја доби поддршката од раководството на тимот и после неколку тешки моменти тој започна да ја предводи екипата во новата сезона.