Конор МекГрегор е спремен да се врати и тоа во неочекуван меч


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


УФЦ звездата Конор МекГрегор се подготвува за враќање во рингот.

Ирецот на својот Твитер неодамна објави датум за кој се претпоставува дека ќе биде датумот кога тој ќе им се врати на борбите, а се работи за 14. Декември.

Меѓутоа, МекГрегор нема да се врати на ММА натпреварите туку тој ќе започне да се натпреварува во бокс натпревар против боксерот Лук Келер.

Конор и Келер ги започнаа преговорите за мечот на 14. Декември, а наскоро би требало да се официјализира дали двајцата ќе се најдат во рингот.

Келер неодамна објави дека имал жестока расправија со МекГрегор по телефонски разговор и се договориле за борба.

Да се потсетиме дека веќе МекГрегор имаше една средба во боксот. Во спектакуларната средба во 2016 година беше поразен од легендарниот Флојд Мејведер.

Во тој меч ирскиот ММА борец покажа вистинска уметност, но едноставно беше премногу слаб за еден од најдобрите боксери на сите времиња.

Сепак, против Келер тој има многу поголеми шанси. Овој боксер моментално е сопственик на WBO титулата за Европски Шампион, а во својата кариера има запишано 17 победи и 2 порази.