Роналдо со гестикулација ептен ги налути навивачите на Атлетико (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Атлетико Мадрид и Јувентус синоќа на „Ванда Метрополитано“ одиграа 2-2 во рамки на првото коло од групната фаза во Лигата на шампиони.

Шпанците од пораз се спасија во последната минута со погодокот на Ектор Ерера, а во текот на мечот, очекувнао, во центар на внимание беше Кристијано Роналдо, кој не е во добри односи со навивачите на Атлетико.

Роналдо е ривал на Атлетико, па многу навивачи го навредуваат од трибините, а во еден момент Португалецот со гестикулација ги разлути уште толку.

Многумина сметаа дека гестикулацијата порачала дека навивачите најверојатно се плашат од неговата генијалност, но по мечот Роналдо го откри значењето.

„Учете, мора да научите“, порача Роналдо.