Еден Азар нема доживеано поголемо понижување!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Реал Мадрид на вчерашниот натпревар беше декласиран во Париз.

Кралевите на вчерашниот натпревар изгубија од ПСЖ со резултат од 3:0 во 1. Коло во Лигата на Шампионите, а мадридскиот тим играше многу очаен натпревар и не е никакво чудо што останаа без бодови.

Угледниот L’Equipe ги подели оцените за вчерашниот настап, а убедливо најлоша оцена доби Белгиецот – Еден Азар.

Неговите одиграни 70 минути на теренот беа доволни за една 2ка, а најголема оцена за Реал добија Карим Бензема и Рафаел Варан(5).

Ниту остатокот од тимот на Кралевите не играше на очекуваното ниво па затоа најчестите оцени се три и четири, додека од другата страна Анхел Ди Мариа е прогласен за Играч на Натпреварот.

Аргентинецот со постигнати два погодоци ги предводеше ПСЖ до победа против својот некогашен тим, а за настапот доби оцена 9.

Позади него е Идрис Гуеје со оцена 8 а истата ја доби и Хуан Бернат.