Партизан има забрана за играње пред публика, но со фантастичен чин го наполни стадионот во Белград (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


УЕФА му додели забрана на Партизан од играње пред публика, па белградскиот клуб натпреварот со АЗ Алкмар требаше да го започне пред празни трибини.

Сепак, нема да биде така затоа што од клубот се обратиле до УЕФА и побарале стадионот да го наполнат само со дечиња до 14 години. Од европската куќа на фудбалот им излегле во пресрет, а верувале или не во моментов на „ЈНА“ веќе има 20.000 дечиња кои и тоа како го бодрат белградскиот тим.

Од Партизан платиле превоз на многу дечиња од фудбалските школи и училиштата во Србија, па стадионот во Белград е речиси исполнет.