„Надал плачеше само еднаш, но цел живот ќе памети два порази“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тони Надал, чичкото и поранешен тренер на Рафаел Надал, откри досега непознати детали од кариерата на шпанскиот тенисер.

Тони најпрво зборуваше за моментите кои најмногу го погодиле неговиот внук.

„Единствен пат кога Рафа заплака по пораз во соблекувалната беше 2007 година. тоа беше по финалето на Вимблдон, кадешто победи Роџер Федерер“, порача Тони.

Исто така, чичкото на Рафа откри и кои два меча нема никогаш да ги заборави шпанскиот тенисер.

„Два порази кои засекогаш ќе ги памети Рафа се тие против Новак Ѓоковиќ во финалето на Австралијан Опен во 2012 и од Робин Содерлинг во 2009 на Ролан Гарос“, откри чичкото на Рафа.