Четири имиња во игра за клупата на Реал Мадрид, Перез посакува само едно тренер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерското столче на Зинедин Зидан во Реал Мадрид е уште повеќе разнишано по катастрофалното издание на натпреварот против ПСЖ во рамките од Лигата на шампионите.

Реал претрпе нов дебакл и беше поразен со 3:0, па се повеќе растат шансите дека Зидан наскоро ќе стане поранешен тренер на Реал Мадрид.

Медиумите во Шпанија известуваат дека четири имиња се споменуваат како можни нови предводници на „кралскиот клуб“.

Жозе Мурињо, Масимилијано Алегри, Раул и Чаби Алонсо се меѓу кандидатите кои би можеле да седнат на клупата на Реал Мадрид. Според „Мундо Депортиво“, Чаби Алонсо е прв избор за претседателот на Реал, Флорентино Перез доколку му врачи отказ на Зинедин Зидан во текот на сезоната.