Пандев учевствуваше во голот на Џенова, неговиот тим претрпе пораз од Каљари (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Каљари славеше на денешниот натпревар против Џенова во воведниот натпревар од четвртото коло од Серија А.

Домашниот тим победи со 3:1, а во таборот на Џенова минути имаше и за нашиот репрезентативец Горан Пандев кој повторно влезе од клупата за резервни фудбалери.

Каљари дојде до водство на самиот старт на второто полувреме преку Џовани Симеоне. Резултатот го израмни Куаме во 83. минута. Во акцијата за погодокот учевствуваше и Пандев кој одлично го проигра асистентот Санабрија.

Сепак, веќе во следниот напад Каљари поведе со 2:1 откако Запата си постигна автогол, за во 87. минута Жоао Педро да го постави конечниот резултат.