Роналдо маскиран се појави во Торино: Ја зема топката и почна со својата магија (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првпат по 2015 година Кристијано Роналдо влезе низ топла луѓе и маскиран покажа што знае, на воодушевување на навивачите кои веднаш го препознаа.

Еден од најдобрите фудбалери во светот реши да повтори една од своите „шеги“, која од време на време ја изведува во градовите во кои настапува.

Па така маскиран, со долга коса и брада стигна во Торино, кадешто ги изведуваше своите трикови.

Сепак, за разлика од претходните години кога не го препознаа со маската, сега беше поинаку. По првите неколку контакти со топката луѓето почнаа да се собираат околу него, па Роналдо наскоро беше откриен.

На крајот мораше да спасува „жива глава“, зашто навивачите од плоштадот немаше да го пуштат без неколку илјади автограми и фотографии.