Нагелсман прави чуда со Лајпциг, убедлива победа во Бремен за задржување на првото место (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Екипата на Ред Бул Лајпциг продолжи со одличните партии оваа сезона, па стигнаа до четвртата победа со која се вратија на врвот на табелата.

Избраниците на младиот тренер, Јулијан Нагелсман без никакви проблеми славеа на гостувањето во Бремен кај Вердер со 3:0.

Орбан го отвори резултатот во 13. минута,а Сабицер во 35. донесе сигурно водство од 2:0. Конечниот резултат го постави Сарачи во 83. минута.

Претходно Баерн Минхен со убедливи 4:0 славеше против Келн, но тоа не беше доволно Баварците да се изборат за првата позиција на табелата.