Му се случи трагедија, на соиграчите ништо не им кажал, а потоа… (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Загубата на сакана или блиска личност може да му се случи на секого во животот, порано или подоцна.

Никој не е исклучок, па така Френк Лампард во 2008 година ја презема одговорноста и постигна гол од пенал против Ливерпул, а него го прослави со многу емоции и го посвети на починатата мајка.

Последен познат случај во кој се случи трагедија на некој спортист е тој на Дерек Формел, фудбалерот на Сакраменто Републик, кој пред меч останал без татко.

Три часа пред средбата Формело дознал дека татко му ја загубил битката со ракот, но таа информација ја чувал за себе, па не им зборувал ништо на соиграчите и решил да игра против РГВ Торос.

При резултат 1-1, на десет минути пред крајот, Формело постигнал гол за 2-1, а потоа го совладале емоциите и почнал да плаче.