Репрезентацијата на Македонија до 19 години повторно го совлада Кипар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонската репрезентација до 19 години одигра пријателски натпревар на тренинг центарот Петар Милошевски во Скопје и го совлада Кипар со минимално 1:0.

Ова е втор пријателски натпревар помеѓу двете репрезентации, а првиот заврши исто така со победа на македонската репрезентација од 2:1.

Единствениот погодок на натпреварот беше постигнат во 66-та минута кога Јани Атанасов ја затресе противничката мрежа. На 10 минути пред крајот на натпреварот Даниел Миловановиќ не го посака среќата, ја погоди стативата. Важно во овој натпревар уште да се каже е дека на двете страни беше доделен по 1 црвен картон. Прво репрезентативец на Кипар доби во 93-та минута, па македонски репрезентативец во 96-та минута, резултатот остана 1:0.