Меси: Ова беше емотивен ден за мене – секогаш ќе го давам максимумот!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Лионел Меси синоќа ја освои наградата за најдобар фудбалер во 2019 година во изборот на ФИФА. Аргентинецот ја доби наградата за првпат по 2015 година, откако минатата сезона постигна 54 гола на 58 меча.

Меси ја предводеше Барселона до титулата во Шпанија, како и полуфиналето во Лигата на шампиони.

Во конкуренција за наградата се бореше со Вирџил Ван Дајк и Кристијано Роналдо, но Аргентинецот доби најголем број гласови.

„Ова беше емотивен ден затоа што успеав да го поделам со децата. Откако стигнавме, тие се дружеа со одлични фудбалери и уживаа. Нема никакви тајни. Секогаш ќе го давам максимумот и ќе се обидувам да бидам подобар“, објаснува Меси.