Претседателот на Баерн се закани: Ако Нојер не брани за Германија, играчите на Баерн повеќе…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Веќе одреден период се зборува дека Марк Андре Тер Штеген ќе застане меѓу стативите на германската репрезентација и ќе биде прв голман на „панцирите“, а искусниот Мануел Ноер ќе биде преселен на клупата за резерви.

Тер штеген неодамна и јавно искажа незадоволство што не е прв избор на Лев и покрај одличните настапи во дресот на Барселона, а сега кога излегоа вестите дека би можел да го замени Ноер веднаш стигна реакција од Баерн Минхен.

Претседателот на Баварците се закани дека тие нема да испраќаат играчи во репрезентацијата на Германија доколку Ноер го загуби стартното место во репрезентацијата.

„Како би реагирал ако Тер Штеген го замени Ноер? Ако тоа се случи ние повеќе нема да дозволиме на ниеден играч да игра за репрезентацијата на Германија“ –изјави претседателот на Баерн, Ули Хенес.