Игудала си влезе во проблеми: Го навредуваше својот нов клуб, па му порачаа да не доаѓа на подготовките…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Искусниот американски кошаркар, Андре ИГудала ова лето го напушти Голден Стејт Вориорс со кој во претходните години доминираше во НБА лигата.

35 годишниот кошаркар беше трејдуван во Мемфис Гризлис во замена за Жулијан Вашбурн кој се пресели во Голден Стејт.

Меѓутоа се чини дека Игудала нема да заигра за Мемфис затоа што од клубот му порачаа да не доаѓа на подготовките.

„Зборував со сопругата дека Вориорс веројанто ќе ме трејдува. И реков дека веројанто ќе завршам во МЕмфис или некое слично срање. Кога ми кажаа дека одам во Мемфис само се насмевнав“ –истакна Игудала кој го навлече гневот на својот нов тим.