Жозе Мурињо ја одби понудата од татковина


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Го чека ангажман во некој од најголемите европски клубови.

Жозе Мурињо е без ангажман од изминатата зима кога доби отказ од клупата на Манчестер Јунајтед.

Од тогаш „Посебниот“ се поврзуваше со неколку клубови, но и понатаму се нема вратено на тренерската работа.

Сега португалскиот медиум „О Јого“ тврди дека Мурињо добил понуда од лисабонскиот Спортинг, но и дека истата ја одбил.

Инаку, Мурињо во својата татковина ги предводеше Бенфика, Леирија и Порто – со кој освои Лига на Шампиони и стекна светска слава.

Се верува дека Мурињо за многу краток период ќе се врати на тренерската работа, но и дека ќе го превземе некој од клубовите на самиот врв на европскиот фудбал.