Формула 1 ја менува локацијата на трката во Русија поради Путин!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Русија вложи многу пари за да изгради една од најмодерните патеки во Формула 1 во Сочи, меѓутоа, по пет сезони инвестицијата не се исплатеше, зашто трибините никогаш не се полни, а такво нешто се очекува и викендов (27-29 септември).

Токму поради тоа претседателот Владимир Путин сака да ја пресели трката за Големата награда на Русија, а како идеално решение е предложен Санкт Петербург.

Големата награда на Русија се вози од 2014 година во Сочи, но почетоците на Ф1 во Русија се од Санкт Петербуг, кадешто биле возени две трки, но почетокот на големата војна го прекинал автомото спортот во државата.

Преговорите меѓу Путин и управата на ФИА и Ф1 почнаа, а некои странски медиуми пишуваат дека двете страни се договориле, па сега треба да се изгради нова патека, која би требало да биде готова до 2021 година, кога за првпат ќе се вози на неа.