Харден и Батлер се предомислија: Американците сакаат да играат за нивната репрезентација


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Плејмејкерот на Хјустон, Џејмс Харден летово одби повик од Грег Поповиќ да биде дел од репрезентацијата на САД на Светското првенство, но сега сака да игра на Олимписките игри.

Харден е еден од најдобрите американски кошаркари, кои решија да не настапат на Мундобаскетот, на кој САД го освои дури седмото место.

„Една од моите цели е да ја претставувам оваа убава земја на Олимписките игри следното лето“, порача кошаркарот на Хјустон.

Овој 30-годишен кошаркар со државниот тим веќе има два златни медали од ОИ во 2012 во Лондон и СП 2014 во Шпанија.

Желба да се вратат во репрезентацијата покажаа и Џими Батлер, Стефа Кари, Клеј Томпсон, Дрејмонд Грин, Демиен Лилард…