Кристиjано Роналдо направи одличен потег кон Дибала по натпреварот со СПАЛ.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус во саботата на свој терен го победија СПАЛ со резултат од 2:0 во рамките на шестото коло на италијанската Серија А.

Старата дама дојде до нова победа со погодоците на Миралем Пјаниќ и Кристијано Роналдо и во добро расположение го очекуваат големото дерби против Интер кој моментално е лидер во Серија А.

Шанса од прва минута на оој натпревар доби и Пауло Дибала кој не заигра многу за Јувентус во изминатата година. Но, очигледно е дека Маурицио Сари има поголема доверба во него отколку Максимилиано Алегри што дополнително го радува Аргентинецот.

Италијанските медиуми во последно време пишуваа дека Дибала не е во најдобри односи со Роналдо, но овој двојник ги демантираше таквите шпекулации. Дибала беше асистент на погодокот на Роналдо, а Португалецот после натпреварот направи одлична работа.

Медиумот La Gazzetta dello Sport објави дека Роналдо отишол кај Дибала и му признал дека одиграл одличен натпревар и му се заблагодарил на соработката. На Аргентинецот тоа би му значело многу за неговата самодоверба, а Роналдо и Дибала можат да станат „смртоносен“ тандем на Јувентус доколку продолжат со ова темпо.