Двајца ракометари од Еурофарм и еден од Вардар во идеалниот тим на СЕХА (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонските екипи имаа добри настапи во СЕХА-лигата, па Вардар и Еурофарм Работник имаат вкупно три ракометари во идеалниот тим за месец септември.

Вардар има само еден ракометар во идеалниот тим и тоа е Тимур Дибиров, додека Еурофарм Работник ги има Ловро Јовиќ и одличниот голман Никола Митревски .

Меѓу останатите ракометари кои се најдоа во најдобриот тим за минатиот месец се уште и Јовица Николиќ од Војводина, Расмус Лауге од Веспрем, Дарко Ѓукиќ од Мешков Брест и Максим Бабичев од Мотор Запорожје.

Да потсетиме, Еурофарм запиша три победи во три одиграни меча, додека Вардар беше помалку успешен, односно запиша две победи, откако доживеа неочекуван пораз од Мотор Запорожје.