Дерби во Тетово: Вардар по девет меѓусебни меча бара победа против Шкендија!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поранешниот македонски шампион Вардар денеска од 15 часот гостува кај актуелниот првак Шкендија во деветтото коло од македонската Прва лига.

Вардарци одлично ја почнаа сезоната во Првата лига, па по осум кола имаат освоено 19 бодови, односно запишаа шест победи, едно реми и еден пораз, додека Шкендија игра променливо, па има освоено само десет бода по осум одиграни кола.

Сепак, интересно е тоа што Вардар нема победа на последните девет меѓусебни меча против ривалот од Тетово, односно последниот триумф го запиша во 2017 година, кога беше 4-2 за Вардар во Скопје.

Потоа следуваше големиот „пост“ на „црвено-црните“, откако Шкендија славеше во четири меча, а во останатите пет немаше победник, односно двата клуба ремизираа.