Дерби без голови под Шара: Вардар со бод се враќа во Скопје!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Денеска беа одиграно големото македонско дерби во Првата лига меѓу Шкендија и Вардар, а актуелниот лидер освои бод (0-0) во Тетово, па останува на првото место на табелата.

Домаќините имаа голем број шанси кон голот на Вардар, но никако не можеа да го пронајдат патот до мрежата на Гачевски, кој бранеше фантастично во денешниот меч.

Првата посериозна шанса на мечот ја имаа домаќините, но Гачевски ја зачува неговата мрежа до крајот на првото полувреме.

Така беше и во второто полувреме кога домаќините се заканија уште неколку пати кон голот на најтрофејниот македонски клуб, но Гачевски во последните моменти од мечот со одлична одбрана му донесе голем бод на Вардар.

На останатите натпревари Борец славеше со 3-2 против Струг Трим Љум, Академија Пандев со 2-0 го совлада Силекс, а Македонија ЃП и Шкупи одиграа 0-0.