Барди отпадна за мечот со Словенија, Ангеловски повика двајца нови фудбалери


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Енис Барди нема да може да им помогне на сонародниците во натпреварите против Словенија и Полска во квалфикациите за Евро 2020.

Македонскиот селектор Игор Ангеловски поради тоа реши да повика двајца нови фудбалери, а тоа се Марио Младеновски од Вардар и Ѓорѓи Стоилов од Академија Пандев, кои треба да присуствуваат на првиот собир закажан за 12 часот во понеделник.

Првиот тренинг македонските репрезентативеци ќе го имаат утре во 19 часот на Националната арена во Скопје, а во четврток се игра првиот меч против Словенија во седмото коло, додека три дена подоцна Македонија ќе гостува кај Полска.

Да потсетиме, Македонија ја пречекува Словенија на десетти октомври од 20.45 часот.