Баерн го пронајде новиот Ноер?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мануел Ноер своевремено беше еден од најдобрите, ако не и најдобар голман на светот.

Сепак повредите веќе одамна си го направија своето, а своето полека го прават и годините. Во Баерн поради тоа бараат нов голман, „единица“ за во иднина.

Наводно тоа би требало да биде 23-годишниот чувар на мрежата на Шалке, Александер Нубел. Како што пишува Билд, Нубел нема намера да го продолжи договорот со Шалке, кој истекува наредното лето, а наводно постигнал договор со Баерн, и таму би требало да пристигне како слободен играч.

Нубел од минатата сезона е стандарден во Шалке, а веќе ја превзеде и капитенската лента во тимот од Гелзекирхен.

Занимливо е тоа што и Ноер пристигна во Баерн од Шалке, пред нешто повеќе од осум години. Сепак, за Ноер тогаш минхенскиот клуб издвои 30 milioni evra, додека Нубел би требало да пристигне бесплатно.

Дали овој 23-годишник навстина ќе стане нов голман на Баерн, ќе видиме по истек на тековната сезона.