Разбојници украле дури пола милион евра на ѕвезда на Оклахома


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кошаркарот на Оклахома сити тандер, Денис Шрудер бил ограбен, откако крадци влегле во неговиот дом во Германија.

Непознати разбојници влегле во домот на шрудер во градот Брауншвајг, во близина на Хановер. Па по претресувањето на сите соби, тие украле накит и готовина во износ од пола милион евра.

Полицијата во моментов работи на расчистување на случајот и пронаоѓање на крадците, додека Шрудер е во САД и се подготвува за новата сезона со Оклахома во НБА-сезоната.

„Билд“ откри дека крадците скршиле една врата од терасата за да влезат во куќата на германскиот кошаркар, по што детално го пребарале неговиот луксузен дом.