Кој е наредниот Галактикос? Двајца играчи во игра, Перез спреми 170 милиони евра


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Колку и да звучи чудно, Реал Мадрид одеднаш престана да биде конкурентен тим во европските кругови.

Иако тие на својот ростер имаат низа на фантастични играчи кои се меѓу најдобрите на светот, резултатите на теренот тоа не го покажуваат. Така во првите две кола од Лигата на Шампионите освоен е само еден бод.

Заради тоа не е ни изненадување зошто Флорентино Перез веќе размислува за наредните засилувања, а според извештаите од Шпанија изборот падна на еден од двајца играчи.

Во трката за нов Галактикос се звездите на Ливерпул и ПСЖ, Мохамед Салах и Килијан Мбапе. Обидот за нивно доведување е голем залак за сите, а исклучок не е ниту најгламурозниот клуб на денешницата.

Реал за сега има спремно 170 милиони евра, прво ќе тргне кон Мбапе и ако не успее на тоа поле ќе се сврти кон Салах.

Двајцата се недопирливи во своите клубови, меѓутоа во минатото статус на недопирливи играчи во своите клубови имаа и Зинедин Зидан, Луси Фиго, Луис Назарио Да Лима Роналдо, Кристијано Роналдо и др, па на крајот тие пристигнаа на Сантијаго Бернабеу.