Мануел Ноер во проблеми поради патиките


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Голманот на Германската репрезентација и минхенскиот Баерн, Мануел Ноер се најде во проблем.

Искусниот чувар на мрежата се појави на собирот на репрезентацијата, а големо внимание предизвикаа неговите Веја патики.

Тие на крајот му направија и проблем. Ноер има договор со Адидас и мора да ги носи производите на оваа компанија, што во овој случај тоa не го испочитувал.

„Како играч кој има склучено договор со Адидас, Мануел Ноер мора да ги носи нашите производи. Со играчот ќе продискутираме подетално за овој случај“, соопштено е од оваа компанија.

Така Ноер си направи голем проблем бидејќи лесно може да остане без одредена сума на пари од договорот кој го доби од оваа компанија.