Синот на голманот на Сент Етјен плачеше зашто мораше да го носи дресот на Лион (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сент Етјен во неделата на домашен терен го победија Лион со 1-0 во дербито од деветтото коло во француската Лига 1.

Сент Етјен играше на свој терен против лутиот ривал и победи дури во 90. минута, кога на сцена стапи Бериќ, кој ја погоди мрежата на противникот.

Колку му значи дербито на Сент Етјен покажува и сцената од тунелот од стадионот пред мечот. Тогаш фудбалерите излегоа на теренот со своите деца, а во центар на внимание беше синчето на домашната екипа, Џеси Мулин.

Тие беа во дресови на лутиот ривал и тоа не му се допадна на момчето. Синот на Мулин плачеше затоа што го носи дресот на Лион, но неговиот татко успеа некако да го смири.