Ништо од преговорите: Гатузо одби да се врати во Серија А

Џенаро Гатузо, наводно, одбил да ја преземе Сампдорија, откако одржал преговори со првиот човек на клубот од Џенова, Масимо Ферара.

Според „Газета дело Спорт“, но и неколку други италијански медиуми, Гатуззо денеска му се јавил на Ферара и му кажал дека ја одбива понудата.

Да потсетиме, Сампдорија претходно го отпушти Еусебио Ди Франческо по лошите резултати во првите седум кола во италијанската Серија А.

Наводно, желба на Сампдорија бил и Стефано Пиоли, но искусниот стратег денеска го презема Милан, па сега екипата ќе ја предводи Анџело Поломбо, додека не се пронајде нов тренер.

Инаку, Џенаро Гатузо е без ангжамна од мај годинава, кога ја напушти клупата на Милан.