Меси: Сакав Роналдо да остане во Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси откри дека отсекогаш сакал Роналдо да остане во Реал Мадрид.

Роналдо ја доби Серија А со Јувентус минатата сезона, а дури и беше прогласен за МВП на  сезоната за неговите подвизи за бјанкониерите, иако не беше најдобриот голгетер во сезоната

Роналдо се придружи на „Старата дама“ од Реал Мадрид минатото лето за 100 милиони евра.

Во интервју за RAC1 големиот ривал на Роналдо изјави: „Би сакал да останеше во Реал Мадрид, имаше нешто што тој го придонесуваше кон ривалството и кон една игра како што е Ел Класико“- кратко изјави Меси.