Македонија бара три бода бода против Словенија: Повеќе од 20.000 навивачи се очекуваат на трибините!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонија утре вечер игра против Словенија во седмото коло од квалификациите за Европското првенство во 2020 година, а на мечот од 20.45 часот на Националната Арена „Тодор Проески“ се очекува публика од повеќе од 20.000 гледачи.

Утрешниот меч е важен за двете екипи, кои ќе се обидат да изборат пласман на европскиот шампионат преку квалификациите, а денеска репрезентативците на двете селекции одржаа треннг.

Македонскиот капитен Горан Пандев побара поддршка од верните навивачите и кажа дека очекува добра атмосфера во мечот против Словенија.

„Очекувам полни трибини и верни навивачи, а тоа значи дека ќе имаме и добар меч и се надеваме победа на нашата репрезентација“, порача Пандев.

Македонија досега против Словенија има три победи, еден пораз и едно реми, па сигурно навивачите ќе може утре да уживаат во прекрасен фудбал.