Сари пречкртал четворица играчи на Јувентус, клубот ќе се обиде да ги продаде уште во јануари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Маурисио Сари им кажал на челниците на Јувентус дека нема да смета на четворица фудбалери кои добиле одврзани раце да си заминат од клубот.

„Тутоспорт“ објави дека Сари ги отпишал Марио Манџукиќ, Марко Пјаца, Матија Перин и Емре Џан.

Манџукиќ речиси сигурно ќе се пресели во Манчестер Јунајтед, за Матја Перин има интерес од Бенфика, а во последно се шпекулира дека и Емре Џан би можел да заврши на „Олд Трафорд“. Марко Пјаца пак би можел да се врати во Шалке, но само доколку целосно заздрави од незгодната повреда.