Спорт или научна фантастика? Руска екипа потпиша договор со – робот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Можеби ќе биде тешко за верување, но робот стана член на стручниот штаб на екипата на Парма, која се натпреварува во руската лига.

Роботот ќе помага во собирање на статистички податоци и притоа ќе дава важни информации на главниот тренер.

Сепак, роботот на Парма ќе ги анализира само податоците на домашен терен, зашто клубот нема да го носи на гостински натпревари.

Ова е првпат вештачката интелигенција на ваков начин да влезе во спортот, а клубот објави и фотографија од стручниот штаб со нивниот најнов член, па делува како кадар од некој научно-фантастичен филм.