Кипчоге со моќна порака: Покажав дека не постојат граници!


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Атлетичарот од Кенија, Елиуд Кипчоге очекува по него и други спортисти да истрчаат маратон за помалку од два часа.

Кипчоге денеска во Виена стана првиот човек, кој истрча 42.195 метри за помалку од два часа, односно за време од 1.59.40.

„Мило ми е што сум првиот атлетичар кој истрча под два часа. Покажав дека не постојат граници. Кога ја пробив границата, очекувам да го направат тоа и други луѓе. Ова ја покажува позитивната страна на спортот. Сакам да биде интересен. Кога трчавме заедно, можеме да го направиме овој свет поубав“, вели Кениецот.

Сепак, резултатот нема да биде признаен како официјален светски рекорд, зашто трката во Виена не беше од отворен тип.