Истрча маратон за помалку од два часа, но не му го признаваат рекордот!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кениецот Елиуд Кипчоге стана прв спортист кој истрчал маратон за помалку од два часа, но тоа нема да му се смета како светски рекорд.

Олимпискиот и светски рекордер во Виена успеа да стигне за еден час, 59 минути и 40 секунди, но и покрај тоа нема да се смета како нов рекорд, зашто натпреварувањето не било од отворен тип.

Со темпо од 2,5 минути по километар, Кипчоге веќе на половина трка беше 11 секунди пред планираното време.

Свесни дека ќе испише историја, на околу 500 метри пред целта, Кипчоге го напуштија останатите за да помине сам низ целта.

„Ова покажува дека човечкото тело не познава граници. Сега го направив тоа јас, а очекувам дека многу луѓе ќе го направат тоа по мене“, кажа Кипчоге.