Иско ќе си замине од Реал Мадрид по крајот на оваа сезона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот репрезентативец од редовите на Реал Мадрид, Иско, ќе си замине од главниот град на Шпанија по крајот на оваа сезона.

„Калчомеркато“ пишува дека фудбалерот кој оваа сезона има само три настапи во Ла Лига ќе си оди од клубот во летниот преоден рок.

Иско има само 104 минути првотимски фудбал и наводно бил екстремно фрустриран од односот на Зидан кон него. За Иско постои интерес од Арсенал, тим кој испратил понуда и во овој преоден рок, но истата не била прифатена затоа што била во висина од само 40 милиони евра.