Манчестер Јунајтед не се откажува од ангажман на нов централен дефанзивец, двајца играчи на врвот на листата на приоритети


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед во своите редови за следниот летен преоден рок планира да донесе најмалку еден централен дефанзивец.

„Ѓаволите“ во јуни ќе тргнат по услугите на фудбалерот на Наполи, Калиду Кулибали, а ќе ја разгледаат опцијата да го ангажираат и Рубен Дијас од Бенфика.

Речиси сигурно в година дресот на Манчестер Јунајтед нема да го носи Маркос Рохо, а можно е клубот на перманентна основа да го напушти Крис Смолинг. И Фил Џонс би можел да си замине, па со тоа ќе се отвори простор за ангажман на минимум двајца нови централни стопери.