Голем проблем за Ангеловски, без двајца искусни фудбалери против Полска

Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски повторно се соочува со проблеми во креирањето на тимот кој ќе се спротивстави на Полска.

Поради повреда дефинитивно отпаѓа од комбинација Иван Тричковски, а под голем знак прашалник е настапот и на клучниот играч од средниот ред, Арјан Адеми.

И двајцата не тренираа на денешниот официјален тренинг во Варшава, па големи се шансите да не бидат подготвени за утрешниот натпревар кој ќе биде од исклучителна важност за нашата репрезентација.