Манчестер Јунајтед прави шокантен трансфер во јануари: На „Олд Трафорд“ пристигнува откровението во Серија А од минатата сезона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Дејли Телеграф“ пренесува дека Манчестер Јунајтед се заинтересирал за ангажман на полскиот напаѓач од Милан, Криштоф Пјонтек.

„Ѓаволите“ посакуваат напаѓач во јануарскиот преоден рок, а се верува дека ќе тргнат по услугите на напаѓачот кој минатата година беше откровение во Серија А.

Сепак, Пјонтек не се снаоѓа добро во новата сезона во Италија, меѓутоа Манчестер Јунајтед е подготвен да плати 40 милиони евра за полскиот напаѓач во јануари.

Освен Пјонтек, можно е Манчестер да го донесе и Марио Манџукиќ кој е на излезните врати од  Јувентус.