Клоп ги одбил Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед поради иста причина


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јирген Клоп пред четири години го превзеде Ливерпул, а во меѓувреме успеа да ги врати Редсите на врвот на англискиот и европскиот фудбал.

Клоп веќе со години е еден од најдобрите тренери во светот и со тоа не не чуди зошто на својата клупа го посакуваат најбогатите клубови на денешницата.

Кога ја напушти клупата на Борусија Дортмунд најбрзи беа Редсите и неговото доаѓање на Анфилд Роуд се воспостави како полн погодок.

Легендерниот играч на Ливерпул, Роби Фаулер во колумна за Мирор откри дека Клоп го посакувале и Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, но германскиот стручњак ги одбил поради иста причина.

„Со него имав правено интервју пред неколку години и ми рече дека ги одбил понудите од неколку супер богати клубови. Еден дефинитивно беше Манчестер Јунајтед, а другиот најверојатно е Реал Мадрид. Не сака што се фокусирани само на комерцијализација“, наведе Фаулер.

Клоп во оваа сезона има голема прилика да ја донесе титулата на Анфилд Роуд после 30 години, а наредната станица во тој поход ќе биде Олд Трафорд и екипата на Манчестер Јунајтед.