Вардарки незапирливи во македонската лига: Петта победа за „црвено-црните“ по ред!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вардарки стигнаа до петтата победа сезонава во македонската лига, откако славеа во Битола против Пелистер со убедливи 33-25, па така остануваат на прво мессто со 15 бода.

Вардар доминираше од самиот почеток на мечот, па ракометарките играа фантастично по упатствата на тренерот, кој немаше зошто да менува било што во мечот.

Сепак, мора да се спомене дека Пелистер на стартот на мечот успеа да израмни неколку пати, по што Вардар направи предност од 11-6, а на полувреме водството изнесуваше 16-11.

Во второто полувреме веќе беа решени дилемите, па домашните ракометарки не успеаа да направат било што и да успеат да им се приближат на „црвено-црните“.

Најдобра кај Вардар беше Џатевска, која постигна шест гола во мрежата на Пелистер.

ФОТО: ЖРК Вардар