Леклер по инцидентот во Јапонија: Јас сум виновен!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Возачот на Ферари, Шарл Леклер кажа дека е виновен за судирот со Макс Ферстапен, поради кој заработи казна на Големата награда на Јапонија.

Младиот возач тргна лошо од второто мессто, па тоа му дозволи на Ферстапен а да го премине, а потоа лошо ја процени своја брзина и во вториот свиок го истурка возачот на Ред Бул од патеката.

Иако холандскиот возач ја продолжи трката, венаш потоа се откажа, додека Леклер мораше да оди во бокс да го смени предното крило, па на крајот како шестопласиран помина низ целта, но по казната беше поместен за една позиција.

„Имаше лош старт, малку Себастијан ми одзема внимание со своето движење, па јас бавно реагирав. Самиот старт не беше толку лош, но реакцијата беше. Што се однесува до Макс, јас направив грешка и виновен сум за тоа“, кажа Леклер.