Роналдо: Рекордите ме бркаат мене, а не јас нив – тоа не го може секој!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако стигна до бројката од 700 гола во кариерата, Кристијано Роналдо кажа дека не е опседнат со рекорди, туку дека тоа природно се случува.

Роналдо во поразот од Украина (1-2) во квалификациите за Евро 2020 во понеделникот го постигна 700. гол во кариерата.

Пред него на вечната листа се само пет фудбалери – Герд Милер со 735, Ференц Пушкташ со 746, Пеле со 767, Ромарио со 772 и Џозеф Бикан со 805 гола.

„Не може било кој да стигне до ваква бројка. Им благодарам на соиграчите и тренерите кои ми помогнаа да бидам ова што сум денеска. Разочаран сум поради поразот, но и горд сум на екипата“, порача 34-годишниот Португалец.