Панчев: Модриќ не е најдобар во историјата на Хрватска…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот напаѓач на Црвена Звезда, Дарко Панчев даде интервју за хрватските медиуми во кои зборуваше за Динамо Загреб и фудбалот на овие простори.

Панчев за хрватските медиуми призна дека ги гледа „црвено-белите“, како и сите останати поранешни југословенски клубови.

„Ја следам Звезда, секако. Со оглед на состојбата во лигите на нашите краеви, на тоа колку пари се потребни за да се направи силен тим, резултатите се одлични. Не сакам да гледам навивачки и да ја фаворизирам Звезда, зашто сметам дека Динамо на овие простори е најконстантна екипа“, вели Панчев.

Панчев зборуваше и за Лука Модриќ, односно дали е најдобар фудбалер во историјата на овие простори.

„Модриќ е голем фудбалер, еден од најголемите од овие простори. Меѓутоа, мислам дека тој не е најдобар во историјата на Хрватска, а не е ниту меѓу најдобрите на овие простори“, вели Панчев.