Металург ги посакуваше Обрван и Тамаше, на крај го доби Кастратовиќ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ракометниот клуб Металург има нов тренер откако раководството на клубот се реши да му даде шанса на Зоран Кастратовиќ кој ќе го замени Дамир Стојановиќ на клупата на тимот од Автокоманда.

Како што објавија од Металург, изминативе две недели се воделе интензивни преговори соИвица Обрван, Жељко Бабиќ, Бранко Тамаше,Рафаел Гихоса и Ненад Кљаиќ, но на крајот договор се постигнал со Зоран Кастратовиќ.

Сопругот на нашата најпозната ракометарка, Индира Кастратовиќ, во досегашната тренерска кариера работел како тренер на РК Вардар, Кометал, Сутјеска и Ал Џаиш, а одреден период беше и селектор на женската ракометна репрезентација на Македонија, како и на репрезентацијата на Црна Гора.