Американски боксер почина во болница откако беше нокаутиран пред четири дена (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Патрик Деј почина четири дена, откако доживеа тежок нокаут во десеттата рунда од борбата против Чарлс Конвел.

Мечот беше прекинат по нокаутот, а Деј при падот удри со глава во подот, по што веднаш беше пренесен во болница, кадешто имаше операција на мозокот, но остана во кома.

Дури четири дена беше во критична состојба. Сепак, не успеа да се избори за својот живот, па денеска беше потврдено дека починал во болница.

Додека Деј се бореше за својот живот во болница, Конвел му напиша емотивно писмо, но Патрик никогаш не доби шанса да го прочита.