Мекгрегор се враќа во рингот, а познат е и неговиот противник!? (ФОТО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ирскиот борец Конор Мекгрегор најверојатно ќе се врати на крајот на годинава во рингот, а очигледно се знае и неговиот следен противник, а тоа е Франки Едгар.

УФЦ на официјалниот твитер-профил му честиташе роденден на Едгар, а Конор му коментираше на објавата.

„Среќен роденден Френки, се гледаме во декември“, порача Мекгрегор.

Едгар е 39-годишен борец, кој е член на УФЦ уште од 2007 година, а од тогаш имаше 25 меча, односно 17 победи, едно реми и седум порази, а последниот меч го имаше минатото лето со Макс Холовеј и го загуби со судиска одлука.