Сензационален пресврт: Манџукиќ се сели во вечен ривал на Јувентус!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ си договорил трансфер во Милан, барем така пишуваат италијанските медиуми во денешното издание.

Иако во претходните денови Англичаните шпекулираа дека искуснот напаѓач на Јувентус ќе се пресели во Манчестер јунајтед, сепак денеска стигнаа нови информации од Апенините.

Медиумите од Милано тврдат дека Манџукиќ може да се пресели на „Сан Сиро“, а заслужен за такво нешто, наводно, е Звонимир Бобан.

Засега деталите од потенцијалниот трансфер не се објавени, но најверојатно наскоро ќе бидат познати повеќе информации.

Искусниот фудбалер во Јувентус игра од 2015 година, но сезонава не запиша ниту еден настап за „Старата дама“ и не е регистриран за Лигата на шампиони.