Пресврт во случајот со Дибала, Аргентинецот сега ќе го продолжи договорот со Јувентус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако во Јувентус беа подготвени да се откажат од него во летниот преоден рок, сега се случува пресврт, по одличните негови партии во клубот од Торино.

„Калчомеркато“ пишува дека Јувентус сега е подготвен да му понуди продолжување на соработката на фудбалерот кој ги одби Манчестер Јунајтед и Тотенхем со цел да остане на „Алијанц Стадионот“.

Во досегашниот дел од сезоната Дибала постигна еден погодок и запиша три асистенции со што го убеди Маурисио Сари дека треба повеќе да смета на него во иднина. Токму затоа двете страни ќе седнат на маса и ќе дискутираат за нов договор.