Рено поради измама би можел да биде исфрлен од Формула 1


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По завршување на трката за Големата награда на Јапонија беше објавено дека екипата на Рејсинг поинт поднела тужба против Рено поради карактерстиките на нивните болиди со кои добиле недозволена предност во однос на конкурентите.

Тие веруваат дека Рено имал однапред поставени карактеристики на сопирачката по круг, а тоа не е дозволено според правилникот на Ф1.

По сослушувањето кај судијата биле констатирано дека треба одредено време за да се провери тоа, а доколку биде потврдено обвинувањето, тогаш ќе следува жестока казна.

Ако се потврди обвинувањето, францускиот тим ќе остане без девет бода и да добие парична казна, а би можел и да биде исфрлен од натпреварувањето.